Како што информираат албанските медиуми, присуството на ајкули во албанските морски територијални води станува нормална појава.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 19:16

Уловено „чудовиште“ во близина на Драч

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Верувале или не, уловена е ајкула тешка 450 килограми во Албанија поточно Драч.

Во близина на Драч уловена ајкула тешка 450 килограми

Како што информираат албанските медиуми, присуството на ајкули во албанските морски територијални води станува нормална појава.

Во период од една недела во мрежите на албанските рибари од пристанишнот град Драч, уловена е уште една ајкула од видот „тигар“.

Рибарите се дел од екипажот на рибарскиот брод „Челепиа“, од каде потврдуваат дека ајкулата е уловена на длабочина од 130 метри, долга е 4,5 метри, а тешка околу 450 килограми.

„Чудовиште“ од истиот вид, со тежина од 500 килограми, пред една недела беше уловено во мрежите на рибарите од бродот „Медуза“ од Драч, на длабочина од 170 метри.

Во Јадранско и Јонско Море, од страна на албанските рибари, последните години уловени се повеќе од дваесет ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег.

Ајкулите се со тежина од 100 до 500 клограми, а нивното месо завршува во угостителските објекти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан