Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.

Објавил: Перо Милчин | 4 мај, 2019 10:18

Умре другарот Тито“: како беше соопштена веста за смртта на југословенскиот претседател Јосип Броз -Тито!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јосип Броз – Тито беше  југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Од есента 1913, Броз служи во австро-унгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата светска војна е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915 неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво.

Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар. Јосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австро-Унгарија. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско име Јавершек).

Во 1907, преселувајќи се од руралната средина, Броз почнува да работи како ученик на клучар во Сисак. Таму станува свесен за работничкото движење и за прв пат го прославува 1 мај – Денот на трудот. Во 1910 се придружува на синдикатот на металуршките работници и станува член на Социјалдемократската партија на Хрватска и Славонија.

Помеѓу 1911 и 1913, Броз работи на пократки периоди во Камник, Словенија; Ценково, Чешка; Минхен и Манхајм, Германија, каде што работи за автомобилската фабрика Бенц; потоа оди во Виена, Австрија каде што работи во Дајмлер како тест возач. Од есента 1913, Броз служи во австро-унгарската армија; во мај 1914 добива сребрен медал за натпревар во мечување во Будимпешта. На почетокот на Првата светска војна е испратен на српскиот фронт. Уапсен е за антивоена пропаганда и затворен во Петроварданската тврдина. Во 1915 неговиот баталјон е испратен на Источниот фронт во Галиција да се бори против Русија. Во Буковина е сериозно ранет. Во април целиот негов баталјон паѓа во руско заробеништво.

Тито во младите години. Јосип Броз е роден во Кумровец, северозападна Хрватска, во регионот Загорје, што тогаш бил дел од Австро-Унгарија. Тој е седмото дете на Фрањо и Марија Броз (моминско име Јавершек).

Во питомиот загорски крај, на реката Сутла, на границата меѓу Словенија и Хрватска се наоѓа малото село Кумровец. Така, во селанско семејство, како седмо од петнаесетте деца на Хрватот Фрањо Броз и Словенката Марија Јавершек, се роди во 1892 година, Јосип Броз. Јосип вели:

Не им беше лесно на моите сиромашни родители да се грижат за нас. Моравме да работиме од најраната младост. Ние немавме детство. Одевме на училиште, но моравме да ги вршиме и сите други работи, така што најмалку можевме да му се посветиме на училиштето и на учењето. Но, ние сепак настојувавме да постигнеме нешто од она знаење какво што можеше да се добие на тогашниот степен на развојот, пред 70 и повеќе години.
Гледате, јас морав да работам од својата шеста година па до денес. Поминав низ сите фази, низ сите тешкотии што еден човек може да ги помине. Поминав низ две војни. Во првата бев војник, подофицер, а во втората командував. Сè стекнував самостојно, се воспитував и изградував самиот себе си. Беше тоа она што мене ми го даде мајка ми; јас се придржував до тие нејзини совети. Мајка ми беше строга и справедлива жена. Беше и набожна. Нас децата нè имаше многу, осум умреа, а седум од нас останаа живи.

Во пролетта на 1915 година, Јосип Броз е префрлен на рускиот фронт, каде што во една борба со Черкози е ранет, заробен и како ранет заробеник е префрлен в болница. Сеќавајќи се на тој период, Јосип Броз вели:

“Во заробеништвото многу читав, научив руски и прочитав многу дела од руските класици, особено романите на Толстој, Тургенев, Куприн и други. Спроти зградата во која бевме сместени ние заробеници живееја две гимназијалки, ќерката на еден механичарпрогонет во Сибир и ќерката на еден доктор. Тие постојано ни праќаа книги што ние откако ќе ги прочитавме им ги враќавме”

Бидејќи планот на Хитлер наречен Барбароса, со напад врз СССР беше одложен заради Југославија, на 6 април 1941 година, 184 бомбардери придружени со 250 ловци летаа кон југословенскиот главен град. Без претходно објавување на војна, додека градот уште спиеше, започна Хитлеровата одмазда. Десет илдјади мртви и ранети, меѓу кои најповеќе беа жени и деца, претставуваше казна за непослушноста. На широк фронт, одлично вооружените војници на Вермахтот и нивните сојузници: Италијани, Унгарци, Бугари – брзо напредуваа.

Првата сопруга на Тито е Пелазгија Броз која му раѓа син, Жарко. Неговата втора жена е Херта Хас, која во мај 1941 му раѓа син, Мишо. Најпозната сопруга на Тито е последната, Јованка Броз. Негови видни внуци се Александра Броз, театарски режисер во Хрватска и Светлана Броз, кардиолог и писател во Србија.
Тито е најверојатно роден на 7 мај, но неговиот роденден се слави на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ.

Тито станува премиер и министер за надворешни работи на повоена Југославија. Тој останува во тие функции до 13 јануари 1953, кога го наследува Иван Рибар на функцијата Претседател на Југославија.

На 7 април 1963, земјата го менува официјалното име на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз Тито е именуван за доживотен претседател.

Владеењето на Тито има карактеристики на просветена диктатура. Комунистичката партија ја одржува својата власт не отфрлајќи го користењето на политички мотивирани судења и затворања, но сепак репресијата под власта на Тито не е толку изразена во споредба со останатите комунистички режими. Покрај тоа, Партијата ја консолидира земјата што беше сериозно погодена од војната и успешно ги потиснува националистичките чувства на југословенските народи, промовирајќи ја идејата за братство и единство.

Иако не постои точна бројка, бидејќи луѓе бесповратно исчезнувале преку ноќ, извесно е дека илјадници лица, политички неистомисленици на Титовиот режим, биле затворени во мошне тешки услови на Голи Оток, а голем е и бројот на оние кои таму и умреле поради тешките услови.
Голи Оток бил специјален затвор за политички затвореници, и станал синоним за политичката репресија на Титовиот режим.

Со Уставот на СФРЈ од 1974, Тито бил прогласен за доживотен претседател на земјата, што исто така значајно ги блокирало демократските процеси во државата.
Екстремната емиграција
Режимот на Тито бил познат и по безмилосното справување со тнр. “екстремна југословенска емиграција”, односно луѓе кои емигрирале од Југославија, и активно политички се организирале или агитирале против југословенскиот систем. Постоеле голем број организации и здруженија во светот кои имале политички платформи против југословенскиот режим на чело со Тито.

И таа емиграција била под постојан надзор и притисок од југословенскиот режим, а највидните претставници на политичката емиграција биле убивани и во странство од Југословенските тајни служби. Во Македонија, најпознат е примерот на репресијата врз Драган Богдановски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во образованието бил изразен трендот на градење на култ кон ликот и делото на Тито. Текстови во читанките, лектири и други четива посветени на Тито биле вклучени во задолжителната програма. Во секоја училница висела слика на Тито. Организациите на децата биле наречени “Титови пионери”, а нивниот поздрав бил “За татковината со Тито – Напред!”.
Во детските одморалишта и на работните акции исто така се вршела силна идеолошка пропаганда.
Роденденот на Тито бил прославуван како Ден на младоста. Тоа бил неработен ден, во кој учениците и студентите организирале големо дефиле на стадионот на Југословенската народна армија во Белград, при што на Тито му била врачувана штафетата на младоста. Претходно, по примерот на олимпискиот факел, младинците ја носеле штафетата повеќе недели низ цела Југославија.

Тито е еден од најистакнатите борци за мир и пријателство меѓу народите Непосредно по војната Тито сакаше да развие пријателски односи и со петте источноевропски земји кои зачекорија по патот на изградба на социјализам. До 1948 година една по друга тој ги посети сите овие земји.

Четврти мај, 1980. Најтажното неделно попладне. Иако можеше да се очекува најлошото – сепак постоеше надеж. А тогаш соопштение од конзилиумот на лекарите: “И покрај преземањето на сите неопходни мерки… Јосип Броз Тито почина во 15,05 часот”. Потоа уследи Прогласот од ЦК СКЈП и Претседателството на СФРЈ. Зборот се прошири насекаде. Луѓето чекаа по должината на пругата се до Загреб. А синиот воз минуваше тивко и скоро бесшумно крај луѓето кои се слеаја крај колосекот како река за на својот Тито барем за миг да му упатат последен поздрав и да му ја изразат длабоката благодарност.

И Загреб, градот на Титовата младост и на првите Титови револуционерни акции, достоинствено го пречека и испрати, горд на Загорјето што го роди на загрепската партиска организација и заробничката класа која толку многу му даде и доби од него.

На патот од Загреб кон Белград пак истата глетка. Најискрено и најтажно простување од работниците, селаните, младината и пионерите на Словенија и Срем. Белград – градот на титовиот постојан пренос ос ослобудвањето на земјата. На овој град другарот Тито лично му го врачи Орденот народен херој и му го изрази своето почитување на градот – херој:

“И денес, по триесет години, ние овде мораме да им изразиме вечна благодарност, што им ја должат не само денешните туку и идните генерации, на оние кои со своите животи му ја дадоа слободата на Белград и придонесоа за неговото херојство. Јас сум длабдоко почестен што токму мене ми е дадена можност аовде да го предадам овој орден. Зашто, јас тогаш бев во Белград и со своите очи водов како изгледаше тоа. Јас немам други зборови, не можам да ги најдам, туку уште еднаш овде д аги кажам: Благодарност на оние херои, благодарност на таа младина и на сите оние што ги дадоа тука своите животи, давајќи им пример и на сеашните и на идните генерации. таква треба да биде нашата младина – и денес и во иднина.”

Белград во болка се слеа на плоштадот “Братство и единство”. Тука на плоштадот и по должината на сите улици кон Собранието на Социјалистичка Федеративна Република Југослваија, каде што е изложен ковчегот со телото на другарот Тито, тажни но горди белграѓани му оддадоа почит и му се заблагодарија на најмилиот другар, пријател, на својот голем сограѓанин.

Во сите републики и покраини, во сите градови, села, во единиците на славната Титова армија, во школите и сите општествени и политички организации се одржаа комеморативни собири. И насекаде една и иста слика – изрази на тага, почитување, гордост што живеевме во неговото време и решителност да се продолжи неговото дело. Насекаде исто и единствено: “Ние сме Титови, Тито е Наш – и Другар Тито, ние ти се колнеме дека од твојот пат нема да скршнеме”. Во Домот на синдикатите, во свечена сала во која другарот Тито толкупати говореше, се одржа комеморативна седница на највисоките органи за федерацијата и делегациите од републиките и покраините. За другарот и неговото дело говореше Владимир Бекариќ, кој меѓу другото рече:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани