На повеќето метеоролошки станици не се надминати многу годишните апсолутни температури, но се надминуваат многу годишните просечни вредности, велат од УХМР.

Објавил: Сара Фемина | 21 септември, 2019 9:26

УХМР: Појава на суша и дожд во наредниот период во Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според досега измерените вредности на првата декада од септември, 2019 година се категоризира како многу топла декада, освен мерното место Скопје, кое се карактеризира како топло, информираат од УХМР.

Максималната температура во Гевгелија изнесувала 37,1 степени, Демир Капија 35,5 степени, Струмица 35,2, Штип и Скопје со 34 степени, Битола 32,7 степени, Прилеп 32,2 степени, Крива Паланка 31,6 степен, Берово 30,2, Охрид 29,5, Лазарополе 26,6 степени и Маврово 26,5 степени.

На повеќето метеоролошки станици не се надминати многу годишните апсолутни температури, но се надминуваат многу годишните просечни вредности, велат од УХМР.

Според податоците, апсолутната температура измерена во септември во периодот од 1951 до 2018 година изнесува 39,7 степени во Демир Капија и Гевгелија со 39,2 степени.

Од УХМР изјавуваат дека во изминатите месеци недостигаат врнежи и дека голема е веројатноста за појава на суша во наредниот период.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Според направените моментални анализи зимата 2019/2020 во нашиот дел од Европскиот Континент ќе биде во границите на просекот со просечни или типични температури на воздухот за тој дел од годината с

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ЗИМА 2019/2020: Врнежи од снег и снежна бајка во зимскиот период!

Со оглед на тоа дека десетиот месец од годината полека поминува а за дестина дена навлегуваме...