Словенија, Хрватска и Унгарија беа земјите кои имаа кандидати за позицијата комесар за проширување

Објавил: Данаил Михајловски | 10 септември, 2019 15:03

Унгарецот што одби екстрадиција на Груевски ќе биде ЕУ комесар за проширување

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Ласло Трошањи, од Унгарија, е предложен за нов комесар за проширување и соседска политика на ЕУ, соопшти денеска шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Трошањи беше министер за правда во владата на Виктор Орбан од 2014 до јули 2019-та година. Во ноември минатата година министерката за правда Рената Дескоска поднесе официјално барање до Будимпешта за екстрадиција на азилантот Никола Груевски, но во јуни 2019, после одлуката на надлежниот суд, тогашниот министер за правда на унгарија, Ласло Трошањи, испрати писмо со негативен одговор.

Изборот на Трошањи, како и на другите кандидати, изготвен по долги преговори, треба да добие и поддршка од новиот Европски парламент, но очекува дека тоа нема да биде проблем. Сериозни кандидати за позицијата комесар за проширување беа и словенецот Јанез Ленарчиќ, како и хрватицата Дубравка Шуица, поранешен градоначалник на Дубровник. Што се однесува до сега номинираниот кандидат, тој има позитивно мислење по однос на проширувањето на Европската Унија, став кој го има и официјална Будимпешта, но сепак тешко е да се предвиди дали таквиот став ќе успее да го наметне и врз неговите колеги во Комисијата кои се претставници на Франција, Холандија, Белгија и Данска, земји кои се поскептични на темата проширување и одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Предложениот Трошањи има и дипломатско искуство, односно во периодот од 2000 до 2004 година беше амбасадор на Унгарија во Белгија, а од 2010 до 2014 година бил амбасадор во Франција. Трошањи беше заменик член на Венецијанската комисија на Советот на Европа од 2005 до 2013 година, како и член на Уставниот суд на Унгарија од 2007 до 2010 година. Трошањи е професор на правниот факултет на Универзитетот во Сегедин. Тој е роден во 1956 година во Будимпешта, а во 1980 година заврши Факултет по право и политички науки. Трошањи е оженет и татко на три деца. Член е на унгарската владеачка партија Фидез.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Кулеба навел дека е на „топ политичко ниво“ Киев е лишен од можна соработка со Северноалтанската алијанса, бидејќи соработката со НАТО ја блокира Унгарија.

КИЕВ ВО ШОК: Унгарија не и дозволува на Украина да дојде на самитот на НАТО

Поради несоласувањто со Унгарија, Киев не доби покана на самиотот на НАТО во Лондон,...

Пејчиновиќ-Буриќ е втора жена што ќе ја извршува оваа највисока функција на Советот на Европа.

Шефицата на хрватската дипломатија Марија Пејчиновиќ-Буриќ, избрана на чело на Советот на Европа!

Како што јави дописникот на МИА од Стразбург, Хрватската министерка за надворешни...

Како што најави заменик-командантот на единицата за противвоздушна одбрана Владимир Сергињко, ракетата ја погоди целта. Иако името на ракетата не е специфицирано, експертите веруваат дека тоа е ракета PRS-1M, која претходно била тестирана на полигонот.

Русија лансираше ракета за судниот ден: Нејзното име е тајна, а главната цел е одбрана на Москва од американските ракети

Руската телевизија го прикажа лансирањето на “новата руска ракета за пресретнувачи”...

Луѓето со албанско или турско име имаат многу мали шанси да бидат поканети на терминот што се одредува како процедура за да може заинтересираните да го видат станот кој е за изнајмување

Косоварите најнепожелни за станари во швајцарските станови?

Истражувањето кое беше нарачано од Швајцарската канцеларија за вдомување (BWO) дојде...