Унгарскиот парламент донесе амандман на член 33 од законот, кој го дефинира сексот како „биолошки секс при раѓање и геном“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 мај, 2020 19:31

УНГАРИЈА ЗАБРАНИ ПРОМЕНА НА ПОЛОТ: Кој како се родил- така ќе биде!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Унгарија денес забрани преименување на половите и законско признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица, и покрај протестите на бројни меѓународни организации.

Унгарскиот парламент донесе амандман на член 33 од законот, кој го дефинира сексот како „биолошки секс при раѓање и геном“.

Амандманот беше усвоен со 134 гласови „за“, 56 „против“, додека четворица пратеници беа воздржани.

Предвидена е постојана регистрација на полот по раѓањето во матичните книги и личните документи, со што се спречуваат трансродовите и интерсексуалните лица да го променат своето име и да добијат документи што одговараат на нивниот родов идентитет. Законот претходно предвидуваше можност за прераспределување на половите во документите.

„Скандалозно е што парламентот одлучи да го донесе овој закон, без оглед на загриженоста изразена од десетици граѓански организации и меѓународни организации, вклучително и Советот на Европа, Европскиот парламент и разни тела на ООН“, рече член на управниот совет на ЛГБТ алијансата за АФП.

Тој најави дека ќе се користат „сите можни правни начини да се оспори овој закон пред унгарските и меѓународните судови“.
Невладината организација Амнести Интернешнл (АИ) оцени дека овие одредби се „спротивни на меѓународните и националните обврски на Унгарија во врска со човековите права“.

Откако ја ограничи независноста на судството и медиумите по неговото враќање на власт во 2010 година, премиерот Виктор Орбан започна „нова ера“ од реизборот во 2018 година, со цел промовирање на христијанските и традиционалните вредности.

На почетокот на мај, унгарскиот парламент веќе го отфрли ратификувањето на меѓународниот договор за подобра заштита на жените од насилство, што унгарската влада го смета за унапредување на „деструктивната родова идеологија“.

Во септември 2018 година, Европскиот парламент ја активираше постапката во рамките на член 7 од Договорот за Европската унија за кршење на европските вредности, што во теорија може да доведе до санкции против Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...