Унгарскиот премиер

Објавил: Калина Мартинска | 12 ноември, 2024 16:46

Унгарија останува силен поддржувач на Македонија – Сиљановска на средба со Орбан

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план и за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

На средбата беше констатирано дека Унгарија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за поддршката што Унгарија ја дава во повеќе области, вклучувајќи ги европските аспирации на нашата држава, како и фактот што прашањето за проширувањето е високо на агендата на тековното унгарско претседателство со Европската Унија.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова истакна дека како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и изрази надеж за фер процес на пристапување во ЕУ што ќе го почитува дигнитетот на македонските граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.