Иако распределбата на полициски сили од земјите членки на ЕУ по границите на земјите од Западен Балкан е превентивна пракса, веста зазеде нови, комични и саркастични димензии

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 ноември, 2018 9:51

Унгарија ќе ја чува македонската граница од илегални преминувања

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР.

Оваа вест беше соопштена завчера, еден час откако Кабинетот на премиерот Виктор Орбан потврди дека осудениот пратеник и експремиер Никола Груевски е во Будимпешта и побарал азил во Унгарија.

Синоќа беше и официјално потврдена од Европската Унија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски понеделникот рече дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, но нема официјални податоци за тоа каде точно се упатил и од каде и на кој начин влегол во Унгарија.

Информациите по пет дена говорат дека Груевски и не можел на полегален начин да помини пет гранични премини.

Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско – грчката и македонско – бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти.

Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.

Унгарски полицајци и досега беа дел од европските полициски сили што ја заштитуваат македонската граница од илегални мигранти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.