Во склоп на организацијата на концерти на отворено ЈУ Универзална Сала од Град Скопје била помогната со 3 милиони денари, за само на овој настан една петтина од средствата да се искористат за најмување на пејачот на Архангел.

Објавил: Перо Милчин | 15 април, 2022 16:11

УНИВЕРЗАЛНА САЛА МУ ИСПЛАТИЛА ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА НА РИСТО ВРТЕВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За минатогодишниот настан одржан на 26 јули, на Ристо Вртев за настапот од час и половина му биле доделени ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА, додека оркестарот вкупно бил платен со петнаесет илјади евра.

Во склоп на организацијата на концерти на отворено ЈУ Универзална Сала од Град Скопје била помогната со 3 милиони денари, за само на овој настан една петтина од средствата да се искористат за најмување на пејачот на Архангел.
 
Имено, минатогодишната тема на настанот беа токму изведбите на песните на овој македонски бенд, за што изјави задоволство и Петре Шилегов, чиј ангажман на Дино Мерлин за новогодишната прослава за 2020 година беше предмет на сомневање. 
 
Ако се земат во предвид резимеата на претходниот градоначалник Петре Шилегов, и претходниот директор на установата Филип Аврамчев – кој наследи нефункционална установа и во таа состојба ја напушти, се доведува до знак прашалник природата на ова најмување на Ристо Вртев. 
 
Негувањето на културното минато во градот е неопходно, но сомелувањето на градската помош во полза на меѓусебно наградување и договори е неприфатливо. Културните установи преку заткулисни игри за полнење на џебови, ја хендикепираат градската култура, за во иднина да немаме минато за славење. 
 
Културните дејци во градот се оставени најдоле на приоритетната листа поради ваквиот пристап кон буџетите на установите, додека граѓаните немаат програма и услови за културно надградување како што на главен град му прилега.
 
За кадрите на коалцијата на Власт предводена од СДСМ, пристапот кон јавниот сектор е погубен по државниот буџет и развојот на сите сфери на живот на граѓаните.
 
Политичка партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...