Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

Објавил: Стојче Бушин | 29 мај, 2020 21:38

УНИЦЕФ донира на Македонија најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa, a можат да се користат за лекување на деца и на возрасни, објави на социјалните мрежи министерот за Здравство, Венко Филипче!

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, предводена од претставничката Патриција Ди Џовани, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот COVID-19, вели министерот Филипче!

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

Фондот за деца при Обединетите Нации или УНИЦЕФ (UNICEF) е основан на 11 декември1946 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.

До 1956, името му било Меѓународен фонд за деца при Обединетите Нации за итни состојби (United Nations International Children’s Emergency Fund, скр. UNICEF) од каде што сѐ уште го носи акронимотУНИЦЕФ.

Седиштето на УНИЦЕФ се наоѓа во Њујорк, и тој обезбедува долгорочна хуманитарна и развојна помош на децата и мајките од земјите во развој. УНИЦЕФ е доброволно финансирана агенција, која се потпира на донации од владите и приватните донатори. Неговите програми ги потенцираат развојните услуги што го унапредуваат здравјето на децата. УНИЦЕФ добил Нобелова награда за мир во 1965.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Тој додава дека кај некои пациенти заболени од Ковид 19 состојбата е многу влошена и апелираше до граѓаните да бидат внимателни. Истакна дека секој од нас сака да се дружи но сепак социјалната дистанца во овој период е од особена важност. 

Д-р Жан Митрев: Кај некои пациенти ситуацијата е многу влошена, незнам дали воопшто може да се помогне

Во гостувањето на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само вистина“ доктор Жан Митрев...

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Во текот на утрешниот ден ќе функционираат дежурните ординации во трета смена во скопските поликлиники

Од Здравствен Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (среда, 15 јули),...

Воедно денеска Институтот за јавно здравје го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Македонија се приклучува на глобалната набавка на вакцини против КОВИД-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека нашата земја се приклучува...

За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел, вели Филипче.

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската...