Денеска, четири дена по смртта на Коби се огласија и Лејкерси, единствениот клуб на Коби Брајант каде тој мина 20 сезони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јануари, 2020 19:17

“Уништени сме поради загубата на Коби”- конечно се огласи “Ла Лејкерс”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе четири дена смртта на светски познатиот кошаркар Коби Брајант е во топ вестите во светот. Трагично загинатата кошаркарска ѕвезда животот го загуби на 41 година, а во кобната хеликоптерска несреќа загина и неговата 13- годишна ќерка Џиана и уште седум лица.

Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“.

Денеска, четири дена по смртта на Коби се огласија и Лејкерси, единствениот клуб на Коби Брајант каде тој мина 20 сезони.

“Уништени сме и тажни по изненадувачкиот губиток на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Ја испраќаме сето љубов на Венеса и семејството Брајант, како и до семејствата на останатите патници. Зборовите не се доволно за да кажеме што значење Коби за ЛА Лејкерс, нашите навивачи и нашиот град. Тој беше повеќе од кошаркар, беше сакан татко, сопруг и соиграч. Неговата љубов и светло засекогаш ќе останат во нашите срца„, пишаа Лејкерс.

Вчера за прв пат се огласи и неговата сопруга Ванеса со која имаа четири ќерки. Таа  заблагодарува на милионите луѓе кои сочувствуваат со големата загуба на нејзиното семејство. „Комплетно сме скрешени“, вели Ванеса за неа и за трите ќерки.

„Нема доволно зборови за да се опише нашата болка. Утеха ми е тоа што Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани“ – стои во дел од пораката на сопругата на Коби.

Ванеса и Коби во брак беа 20 години. Живтот го почнаа бурно, бракот не го одбруваа неговите родители. Имаа проблеми и кога Коби беше обвинет за сексуално злоставување и кога ги призна неверстава. Поднесоа и барање за развод, но го повлкоа. Во последните години живееја мирно и минатата година им се роди и четвртото девојче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.