Трамп ја откажа посетата на Полска за време на викендот за од Вашингтон да ја следи ситуацијата со ураганот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 август, 2019 11:39

УРАГАНОТ ДОРИАН ПУСТОШИ: Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Флорида!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи вонредна состојба во сојузната држава Флорида пред доаѓањето на ураганот Дориан.

Американскиот претседател им нареди на федералните власти да им помогнат на локалните власти во Флорида во одбрана од ураганот кои се очекува да пристигне овие денови.

Трамп ја откажа посетата на Полска за време на викендот за од Вашингтон да ја следи ситуацијата со ураганот.

Жителите на Флорида денеска се подготвуваат за ураганот Доријан, кој доби на сила на Карибите пред да почне да се движи северозападно кон американската држава.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис ги повикува граѓаните да се подготват за најлошото.
Американскиот национален центар за урагани предвидува дека ,,Доријан” ќе биде најсилниот ураган што ја погодил земјата од 1992 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни...