„Пратениците од СДСМ Крсто Мукоски го нарекуваа терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство на селективен начин.

Објавил: Сара Фемина | 14 февруари, 2020 15:44

УРЛАЊЕ ВО СОБРАНИЕ: Мукоски со напад кон Милошоски – ЈАС ПО ГРЕШКА ЈА ОТВОРИВ ВРАТАТА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас направив грешка што ја отворив вратата, а вие и оној што избега ја насочувавте толпата да оди горе оти таму бил Зоран Заев, му рече пратеникот Крсто Мукоски на Антонијо Милошоски во реплика од собраниската говорница.

На денешната собраниска седница Антонио Милошоски обвини дека пратеникот Крсто Мукоски добил 4 милиони евра тешки тендери, сакајќи да покаже дека власта на тој начин купува пратеници.

Според Милошоски оние кои го нарекуваа терорист сега му се пријатели. Мукоски според Милошоски со Груевски на митинзи викал дека нема да го смени името , а сега се фалел дека се ќе продава и ќе се сели во Белград.

На ова му реплицира Мукоски кој обвини дека ВМРО -ДПМНЕ е заложник на два три криминалци.

Пратеникот Крсто Мукоски од говорницата испрати критики кон колегата Антонио Милошоски и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на двајца-тројца луѓе. Тоа не беше основата на ВМРО-ДПМНЕ

„Пратениците од СДСМ Крсто Мукоски го нарекуваа терорист. Не знам дали го смениле мислењето, но очигледно е дека тендерите се поважни од употребата на Јавното обвинителство на селективен начин. Дел од луѓето на кои тој им ја отвори вратата се во затвор и нивните деца немаат татко како што неговите имаат. Затоа Мукоски одлучи да ги изневери граѓаните кои го гласале“, возврати Милошоски.

„Јас за несовесната грешка на 27 април 2017 година си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате. Заедно со избеганиот ја насочувавте толпата да оди горе оти таму е Зоран Заев“ рече Мукоски.

Независната пратеничка Емилија Александрова му порача на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, да ја напушти и да ја ослободи партијата, бидејќи, како што рече, со неговото однесување ѝ нанесува само штета.

– Вие немате никакви аргументи против овој Закон за Јавно обвинителство. Ја заложивте партијата во која сте само поради привилегии. Ја искрививте мојата слика за тоа како треба да изгледа еден политичар. Напуштете ја партијата, ослободете ја партијата – рече Александрова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...