Свет
Вести
Највисоките претставници на ЕУ го поздравија потпишувањето на договорот за регулирање на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
Општата проценка е дека ќе започне ново поглавје во историјата на Европа!
“Ова беше долг пат. Сега е време да го оставиме Брегзит зад нас. Нашата иднина е создадена во Европа”, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел нагласува дека „сега е време за ново поглавје и добри односи“ меѓу ЕУ и Велика Британија.
Главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Лондон, Мишел Брани, им се заблагодари на преговарачките тимови од обете страни, како и на институциите на ЕУ, за „посветеноста и довербата“ покажана во последните четири години разговори за отцепување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.
„Секоја личност има своја улога во градењето на единството на ЕУ и ви благодарам за тоа“, напиша Барние на Твитер.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.