Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на КОВИД-19 вакцини.

Објавил: Стојче Бушин | 13 јануари, 2021 9:07

Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија на вчерашната 38-мата седница донесе одлука за продолжување на рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници до 31 март 2021 година.

Со ова продолжување на рокот за финансиска поддршка од 6.000 денари, околу 22.000 граѓани на кои им следува оваа финансиска поддршка, а кои не ги ажурираа своите податоци во банките, како и 2.132 граѓани на кои им се уважија приговорите, ќе можат да ја искористат оваа  финансиска поддршка како една од КОВИД-19 мерките за ублажување на последиците од пандемијата.

На оваа седница Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од 0 до 18 години и Календарот за catch-up имунизација за нередовно вакцинираните деца од 5 до 18 година.

Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805.000.000,00 денари од кои 415.000.000,00 денари се наменети за обезбедување на  потребните количини вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390.000.000,00 денари за набавка на КОВИД-19 вакцини.

На оваа своја седница Владата ја усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година со буџет од вкупен износ од 20.000.000,00 денари.

Средствата од оваа програма ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови во износ од 600.000,00 до 900.000,00 денари, за програми (проекти) за кои како приоритети се определени темите едно општество за сите, забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, справување со светската пандемија предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност, квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти и успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика на денешната седница се усвоени  Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и Предлог-програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година.

Со оваа програма се уредува финансирањето за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година, како и изградба и опремување на градинки за деца, како дел од капиталните проекти и како дел од стратегијата за инвестиции во детската заштита и во раниот детски развој и грижа за социјално ранливите категории.

Владата денеска ја усвои и Програмата за рефундирање на средства платени како царински давачки, данок на додадена вредност и акциза за набавка на патнички автомобил за лица со тешка и најтешка телесна инвалидност, лица со умерена, тешка и длабока ментална попреченост за потполно слепи лица со придружник и за потполно глуви лица за 2021 година.

Оваа програма има за цел да овозможи полесен пристап до автомобил на овие корисници, а со тоа и нивна полесна мобилност и социјална вклученост во заедницата.

Владата на Република Македонија jа разгледа и усвои Информацијата и ја донесе Одлуката за давање согласност на Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање.

Со Тарифникот се уредува надоместокот односно тарифите за извршените работи од урбанистичкото планирање при изработка на урбанистички планови, кој е наменет за  подготовка на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти, од локално и од државно значење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години.

Расте просечната нето плата, создаваме услови во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесува...

Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.

Бектеши: И во 2021 година Министерството за економија продолжува со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата...

Во услови на пандемија овие компании го зголемиле бројот на вработени. Во моментов кај нив има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година.

Зголемен број на работни места во ТИРЗ во 2020 – презентиран нов развоен концепт

Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во...

„Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Македонија.

Заев: Инвестираме во инфраструктура, патишта, енергетика, капиталните инвестиции се планирани на ниво од 23 милијарди денари

„Јасно е дека спомениците не се трајни добра коишто го подобруваат животот, како што...