Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати постапки од СЈО, сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки.

Објавил: Стојче Бушин | 16 февруари, 2020 16:05

Успеавме, ставивме уште еден темел на нелеселективна правда и на правосудство

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Екс премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека успеале и ставиле уште еден темел на неселективна правда и на правосудство кое гарантира одговорност.

Заев им честиташе на 80 пратеници кои го препознаа овој момент како клучен за владеење на правото. Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати постапки од СЈО, сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки, рече Заев.

Ќе има разрешница за случаите во кои основни индиции беа „бомбите”. Скриена амнестија нема за никого и секој кој што го прекрил законот ќе се соочи со одговорност и секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара. Политичарите мора да бидат далеку од правосудството. “ рече Заев.

Заев најави и дека СДСМ утре ќе одржи „марш на правдата“ кој ќе почне од Собранието до судот, во знак на градење правна држава.

Успеавме, ставивме уште еден темел на нелеселективна правда и на правосудство кое гарантира одговорност за секој кој го прекршил законот. Се изборија две третини од пратениците, презедовме чекори кон силна правна држава.

Им честитам на сите 80 пратеници кој го препознаа овој момент како клучен, ги пребродија притисоците и гласаа за донесување на Законот за ЈО. Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати постапки од СЈО, сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава и за европска иднина и се единствените кои се противеа за чекор кон правдата”, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Потребно е градоначалникот Константин Георгиески да “собере храброст” и да си ја врши работата за која е избран и да ги почитува правниот поредок на Република Македонија.

ЛЕВИЦА: Градоначалникот на Охрид да собере храброст да ја врши работата за која е избран!

Несреќната изјава на градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески,...

Вирусот не е шега, туку заедничка нова битка на Македонија која мора заедно да ја победиме. И сакам тука неколку збора за политичкото милје со кое се дочекува пандемијата во земјава.

Мицкоски со отворено писмо до власта: Заедно ќе ја победиме оваа битка, затоа што ја сакаме Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати отворено писмо по повод коронавирусот...

Мојот начин на заштита треба да биде сечиј начин на заштита. Јас сериозно ги следам препораките за чување на нашето јавно здравје.

Давкова со маска и ракавици во емисија: Мојот начин на заштита бил пропаганда, сум била смешна!

Вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова гостуваше во ТВ Алфа каде што зборуваше...