Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ќе ја изведе првата трансплантација на срце во земјава!

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 9:11

УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО: Трансплантација на срце заврши успешно – ЧЕСТИТО ДО МАКЕДОНСКИТЕ ДОКТОРИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

Трансплантацијата која ја изведуваа тим од повеќе доктори заврши успешно, објави пред малку министерот за здравство, Венко Филипче!

Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче!

Ноќеска во клиничкиот центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!

Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот” !
Честитки Господа !!!“-емотивен статус на ФБ на д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Забрана за гробишта за Задушница: Полициски час од 80 часа во половина Македонија!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести,...

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Не вратија од мртвите, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна!

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот....

-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку...

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: 89 новозаразени со коронавирус, починаа седум лица во Македонија!

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. –...