Лицата кои престојувале во Македонија на нелегален начин, биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 19:05

УСПЕШНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Во локали во Гостивар и Тетово откриени 20 албански државјани со нелегален престој!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во угостителски објекти во Гостивар и Тетово полицијата открила 20 албански државјани кои нелегално престојувале во државава.

Минатата ноќ во времето од 05,00 до 11,00 часот од страна на полициски службеници била извршена акциска контрола на подрачјето на Полициското одделение Чегране и во с.Чајле на три објекти биле затекнати шест лица: Ч.А.(40), Х.Д.(41), Ч.Ш.(61), А.Е.(26), А.М.(42) и З.Ч.(55) сите од Р.Албанија со непријавен престој во Република Македонија.

Лицата кои престојувале во Македонија на нелегален начин, биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Исто така и денес во времето од 05,00 до 11,00 часот од полицијата била спроведена контрола на подрачјето на Полициската станица Гостивар и при контрола во седум објекти биле затекнати 13 државјани од Р.Албанија со непријавен престој во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме...