Авионот и неговите патници беа подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

Објавил: Сара Фемина | 20 октомври, 2019 15:52

Успешно заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј: Траеше цели 19 часа и 16 минути!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј, која превезуваше 50 патници и членови на екипажот.

Авионот на авиокомпанијата “Квантас” полета од аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк во петокот вечерта и утрово слета на аеродромот Кингсфорд Смит во Сиднеј, Австралија.

– Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути, објави денеска „Квантас“ на Твитер.

Според „Ројтерс“, ниту еден комерцијален авион нема капацитет за вакви ултра долги летови полни со патници и товар. За да избегне долевање гориво, авионот на „Квантас“ полетал со целосно полн резервоар, без товар и со ограничен багаж.

На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ ги реализира оваа година, научниците ги следат ефектите од повеќечасовните непрекинати летови врз патниците.

Претходната година „Квантас“ го воведе првиот директен лет од западниот австралиски град Перт кон Лондон, кој трае 17 часа и е еден од најдолгите патнички летови во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Предлогот улица во селото Јабука кај Панчево, во која живеат голем број Македонци, да го носи името на починатиот македонски пејач, упатен е до Градското собрание на Панчево. Со овој чин, жителите на селото Јабука, каде живееат најмногу Македонци во Србија, сакаат да му оддадат почит на нивниот познат сонародник.

Балканот не го заборава: Улица во Србија ќе го носи името на Тоше Проески

Еден од најдобрите пејачи од пост-југословенскиот простор, Тоше Проески, кој загина...

Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која Амди со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. Амди зборуваше и за Никола Груевски, Стево Пендаровски, Бранко Црвенковски, Љубчо Ѓорѓиевски…

Амди Бајрам: Сум вработувал Роми со основно секаде, тоа ми е најголемиот подарок

Kaко од „Зајко кокорајко“, премиерот во заминување Зоран Заев му прости и го прими...

По тој повод Вељко Ражнатовиќ кој е син единец и неговата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ, решија да организираат ергенска забава каква што  Србија не памети. 

Цеца игра на маса, огномети, журка до зори- ергенска вечер каква што Србија не памети

Вељко Ражнатовиќ синот на познатата српска дива Цеца Ражнатовиќ и починатиот Аркан,...

Како домаќин ги пречека гостите и заедно со нив се фотографираше, охриѓани можеа да го т и како ги шета низ охридската чаршија, кафетерии, но и покрај брегот на Охридското Езеро.

НЕМА ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Бранко Црвенковски без брада и со нов имиџ

  Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Република Македонија,три дена...