
Македонија
Вести
Зијадин Села, претседател на едното крило на Алијансата на Албанците денеска изјави дека Уставниот суд вчера не го укинал балансерот туку „правото на етничка припадност“, и ги
повикува САД, ЕУ да реагираат како гарант за Охридскиот рамковен договор.
-Уставниот суд не го укина балансерот, Уставниот суд ја укина етничката припадност. Балансерот е само најмалата последица од укинувањето на етничката припадност. Со
гласање на таа одлука се удираат темелите на Охридскиот рамковен договор, се удира врз уставноста и врз Уставот и системот кој се обидува да се гради врз база на тоа што сме,
изјави Села.
Села ги повика САД и ЕУ, како гарант на Охридскиот рамковен договор за, како што кажа, „да интервенираат што побргу да се најде решение заедно со политичкиот фактор“ во
државата за да се спречи „еден обид за да влеземе како општество во анархија“. Села очекува и апелира што побргу, како што вели, да „седнеме“ и да го зачуваме тоа што е
најважно за граѓаните, а тоа е безбедноста. Според него, треба да се има предвид дека ова се случува кога секој ден низ различни делови на светот никнуваат војна или конфликти.
Македонија да не биде уште една земја плус во која ќе има дестабилизација, било тоа политичка или каква било, рече Села.
За оваа одлука на Уставниот суд, според него, треба да реагираат припадниците на сите етнички заедници, а повеќе очекува да реагираат политичките опции кои сите овие години
изјавувале дека нема да дозволат да се удира врз идентитетот на Македонците.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.