
Македонија
Вести
Уставниот суд смета дека Советот на јавни обвинители вршел дискриминација на обвинителите. Судиите ја прифатија иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска и донесоа одлука за поведување на постапка. Со ова, виси на конец одредбата на Деловникот со која обвинителите се оценуваат за нивната работа кога бараат унапредување, како дел од критериумите.
Судиите во Уставен гледаат дискриминација во одредбата, бидејќи, членовите на Советот на јавни обвинители можат да добијат унапредување без оценување. Но, кога во прашање се обвинителите кои аплицираат за повисока функција – мора да има оценување. Со поведувањето на постапка, крајната одлука на Уставен може да биде укинувачка – да не важи во иднина, или пак поништувачка односно да не важи и ретроактивно.
„Скандалозна е од критериум на правото и Уставот. Едногласно се усвои одлуката да се поведе постапка. Предложив времена мерка за да се стопира извршување на овој акт, додека Уставниот суд не се произнесе со одлука за правната судбина“, рече судијата Осман Кадриу.
Досега, двајца обвинители успеале со помош на позитивни оценки да унапредуваат во кариерата. Тие се избрани во втората половина од минатата година.
„Вака се врши дискриминација на обвинителите. Како може да се вреднува нивната работа како позитивна оценка, а оценката се однесува само на обвинителската функција и нејзиното вршење? Обвинителската функција ја вршат само носителите на функцијата и нивното работење се оценува. Обвинителите кои се во Советот не ја вршат функцијата – обвинител. Нив им мирува“, додаде судијaта.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.