Иако референдумот беше успешен, Уставниот суд под притисок на власта која го поддржа, сега се пронајде за надлежен за иницијативата за рудниците, спротивно од волјата на народот

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 7:39

Уставен суд го поништи референдумот за рудниците во Гевгелија, се бара нивна оставка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пред три дена, Уставниот суд на Република Македонија ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа Референдум против “рудниците на смртта”.

Канадската компанија ,,Ресервоар Минералс“, поднесе барање да се преиспита уставноста на одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапка го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од иницијаторите на референдумот до Уставниот суд било доставено образложение во кое  на 18 страници, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изричитоо е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво.

Уставните судии го погазија и Уставот на РМ и законите на РМ и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот. – велат од иницијативниот одбор.

Граѓаните реагираат дека селективната правда ја зафатила и највисокиот суд во државата, воедно реагирајќи на кратката постапка за изјаснување, што не е својствена во неговата работа.

Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија, заради бизнис интереси на странска компанија. Уставниот суд се стави на страна на оние кои планираат од Македонија да направат пустелија, да направат геноцид на над 500.000 граѓани. – реагираат граѓаните.

Ние им порачуваме на сите домашни и странски платеници, кои наумиле да отвораат рудници и да ја уништат нашата татковина, дека ние немаме друга татковина. Затоа ќе се бориме против тоа, се вели во реакцијата на иницијаторите.

*Референдум во Општина Гевгелија e референдум на територијата на општина Гевгелија одржан на 23 април 2017 година. Право на глас имале 19.458 жители кои гласале на 37 избирачки места.

На овој референдум гласачите со „За“ и „Против“ се изјаснувале по прашањето: „Дали сте за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на Општина Гевгелија?“

Иницијативата за референдумот била поднесена од страна на здружението „Спас за Гевгелија“.

На референдумот гласале 13.384 или 68.78% од гласачкото тело, со што бил надминат цензусот од 50% за референдумот да биде успешен. Од важечките ливчиња, 98,84% биле „против“ отворање на рудници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.