Македонија
Вести
Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава, велат во денешното соопштение од Уставниот суд.
– На 27.10.2019 година, Уставниот суд на Република Македонија, по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување, Судот расправаше и донесе Решение за поведување на постапка за оспорениот член од Законот. Постапката по предметот е во тек, се наведува во соопштението.
Уставниот суд, какошто посочуваат оттаму, со внимание ги следеше написите, коментарите, изјавите на претставници на одредени државни органи, дел од медиумите и поедини експерти во кои беа изнесени невистини, обиди за прејудицирање на одлуките на Уставниот суд и невистинито информирање за исходот на гласањето, но и необјективни и нестручни коментари.
Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен упад и притисок за нормално функционирање на Судот и неосновано се повредува угледот на Судот и честа и личноста на уставните судии.
– Темелни вредности на нашиот уставно-правен поредок, покрај другите, се владеењето на правото и поделбата на власта. За Уставниот суд е неприфатливо некој да се меша или да влијае во неговата работа и одлучувањето. Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и секој е должен да ги почитува Уставот и законите, се наведува во соопштението од Уставниот суд.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.