Алатка за етничка застапеност

Објавил: Калина Мартинска | 9 октомври, 2024 13:05

Уставниот суд го укина „балансерот“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На денешната седница Уставниот суд го укина „балансерот“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Уште минатиот месец Уставниот суд реши да поведе постапка за неколку члена во два закони и правилници суспендирајќи ги истите додека трае постапката.

Му се гледа ли крајот на балансерот?

Уставните судии пред две недели ја почнаа постапката за преиспитување на уставноста на балансерот, со што донесоа времена мерка за замрзнување на неколку одредби – од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, правилникот за задолжителни елементи во јавните огласи, за формата и содржината на регистарот на вработени, како и методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.