Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

Објавил: Весна Петровска | 4 ноември, 2019 12:25

УТЕШИТЕЛНИ ЗБОРОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕП ДО МАКЕДОНИЈА: Ве молам, не губете надеж!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Утешителни зборови од претседателот на Еворпскот парламент до Македонија.

Давид Сасоли, кој престојува во официјална посета на земјава, преку Твитер упати порака, особено да младите, да не се откажуваат од европската иднина.

– Денеска патувам во Макеоднија и имам едно барање, особено до младите луѓе во земјата: не се откажувајте од европсата иднина. Вие му припаѓате на нашето семејство. Европскиот парламент е со вас, напиша Сасоли на Твитер.

Првиот човек на Европскиот парламент пораката ја проследува и преку видео обраќање до граѓаните на Северна Макединија и на Албанија.

– Ќе ја посетам прекрасната земја Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување. Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ. Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет. Јас имам едно барање, особено до младите во Северна Македонија: Ве молам не губете надеж. Ве молам не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашето семејство и вие на крајот ќе бидете член на ова семејство. А ова семејство ќе ве пречека со верба и надеж, порачува Сасоли во видео пораката.

Давид Сасоли во рамки на денешната посета на Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Работата е веќе испуштена од контрола, не требаше да се пуштат навечер младите да шетаат, затоа што тие допрва ќе го шират вирусот како најголеми преносители.

Пановски: Ситуацијата со коронавирусот излезе од контрола

Треба да ги затворат општините каде што се жариштата, да се постави полиција пред секоја...

Три месеци без комуникација со најмилите, полициски час, повеќедневни карантини, Велигден без црква и молитва, ограничено движење.

Д-р Андон Чибишев: Од слоганот ,,Слушај го Венко,, и аплаузите немало никаков резултат!

Во последните десетина дена Македонија е во епидемиолошка агонија, бројот на новозаразени...

Во сабота православните верници го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, министерот денеска посочи дека можно е воведување на полициски час но тоа ќе се одлучи во следните неколку дена .

Полициски час или карантин за време на продолжениот викенд?

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство...