Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 10:10

Утре Благовец голем и тежок празник- ден на мајките а ова се обичаите!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Утре е голем и тежок христијански празнил Свето Благовештение попознат како Благовец. Се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април.

Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Блошчојне, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден. Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка. Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Утре именден слават сите со име: Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн. Благовец е и празник кој ни навестува дека скоро доаѓа Големиот празник на Христовото воскреснување.

На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.
Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во книгата на пророк Исаија прочитала дека „Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануел”, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил кој и соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот:

Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај“.

Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Исто така, се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи. Во некои краишта, овој ден се поврзува со излегувањето на змиите од дупките при што се верува дека змиите никогаш не касаат на Благовец.
Во Радовишко ако луѓето ја чуеле кукавицата откако нешто ќе каснеле сметале дека тие ја „пребиле“ па три пати ќе и викнеле: „Чух те -пребих те”. Во Дебарца ако некого го разбила кукавицата на Благовец, тој и враќал на Ѓурѓовден, кога ќе излезел пред сонце над селото и три пати ќе и викнел: „Куку, куку, кукајце, кукајце, ти мене ме разби, сега јас те разбив“…. Во Тетовско на овој ден на девојчињата им се дупнуваат ушите и се ставаат првите обетки. Според верување, со ова се намалува болката, т.е. таа е блага.
Кузман Шапкарев забележал дека во Охрид на Благовец саделе тикви, зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи, додека пак Ефтим Спространов забележал дека во Охрид се сметало за греота ако човек не касне риба на тој ден, макар да излижат некоја коска, ама „да се облажет со рибино“. Воопшто, иако овој празник се наоѓа на крајот од Велигденските пости, на овој ден е дозволено и препорачливо да се јаде рибино месо. Некаде, тоа се правело за здравје, а на други места, сиромашните купувале риба за да си дозволат богата трпеза на овој ден. Во Виница на овој ден традиционално се одржува фестивалот на медот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Појасни дека очекувањата се врз основа на сите податоци кои сега ги имаат: бројот на заболени, времето кога се дијагностицирани и мерките кои освен рестрикцијата на терен се спроведуваат во детална анализа на контактите и следните контакти, и дека на крајот на оваа неделата ќе има резултати.

Филипче: До крајот на неделава се очекува да имаме подобра слика за состојбата со коронавирусот

Прогнозите се дека ќе имаме поинаква многу подобра слика за состојбата со Ковид-19 во...

Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен.

Прекинат уписот на првачиња во училиште во Тетово, наставник заболел од коронавирус

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците...

Бутел е една од општините каде бројот на заболени е висок,  но според митрополитот Петар, таа бројка која деновиве се презентира пред јавноста е од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

Поповите против карантин за Задушница: Заболените се од ифтарите кои се одржуваа на затворено!

Во изјава за А1 Он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин...