Астрономското време е она што го користиме од октомври до март, односно зимско време

Објавил: Перо Милчин | 29 октомври, 2022 8:45

Утре ги враќаме часовниците еден час наназад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ноќта на 30 октомври мораме да ги поместиме стрелките на часовниците еден час наназад поради зимското сметање на времето.

Промената на зимско сметање на времето годинава ќе се случи во недела во 3 часот навечер, кога времето го менуваме еден час наназад – од 3 до 2 часот.

Астрономското време е она што го користиме од октомври до март, односно зимско време.

Летното сметање на времето се користи за подобро усогласување помеѓу дневните часови и активните часови на работниците и студентите.

Во пракса, идејата беше спроведена од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година како мерка за заштеда на гориво во воена средина. Британија беше втората земја што воведе летно сметање на времето првично од 21 мај до 1 октомври 1916 година. САД го следеа примерот во 1918 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани