Нивниот татко бил незнабожец, а мајка им била христијанка по име Теодотија. По смртта на нивниот татко, нивната мајка се погрижила да ги воспита своите деца во духот на Христовата вера, учејќи ги на постојано служење на Христа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 ноември, 2019 21:01

Утре е голем празник- се слават светците Козма и Дамјан заштитници на лекарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светите Козма и Дамјан беа бесребреници и чудотворци и браќа по тело. Тие биле во Асија, а нивните родители биле од различна вера.

Нивниот татко бил незнабожец, а мајка им била христијанка по име Теодотија. По смртта на нивниот татко, нивната мајка се погрижила да ги воспита своите деца во духот на Христовата вера, учејќи ги на постојано служење на Христа. А кога светите Козма и Дамјан пораснале и се утврдиле во беспрекорниот живот според Господовиот закон, тие постанале како два светиници на земјава, светлејќи со своите добри дела. За таквиот нивен живот од Бога добиле на лекување, па тие им давале здравје и на душите и на телата на сите оние кои со вера го повикувале името Господово. Покрај тоа што им помагале на луѓето, светите браќа ѝ помагале и на стоката, зашто без неа луѓето би биле сиромашни и не би имале со што да ја обработуваат земјата. А покрај тоа што несебично помагале, тие во се строго се придржувале до Христовата заповед “Бесплатно добивте, бесплатно давајте!” Сепак, и покрај овие големи чуда што ги правеле, светите браќа никогаш не ни помислиле дека тие лекуваат поради свое прославување и да имаат углед и чест на земјава, туку исклучиво за прославување на Бога и на Неговата семожна сила. Поради ова верните христијани ги нарекувале бесплатни лекари-бесребреници.

Живеејќи вака бгоугодно на земјава, тие починале во мир. Но, светите Козма и Дамјан не биле прославени само за време на нивниот земен живот, туку и по нивната смрт, правејќи разни чуда и помагајќи им и понатаму на сите оние кои ги повикале за помош во своите молитви. За жал, до денес хагиографијата нема подетални информации за нивниот живот на земјава, но сепак дел од нивните многубројни чудеса се запишани и претставуваат доволен доказ за нивното светителство и застапништво пред Бога.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 1 ноември. Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Некоја жена по име Паладија била многу болна од тешка и неизлечива болест. Откако се обидела секаде да добие помош за својата болест, таа лек не нашла, а на крај одлучила да ги повика светите браќа Козма и Дамјан да дојдат при неа и да ја излечат. Штом дошле кај неа, таа, според верата нејзина, постанала здрава, а како дар за лекувањето одлучила да им даде три јајца, бидејќи знаела дека пари не земаат. Светите браќа го одбиле овој дар, велејќки& дека тие дале завет пред Бога и немаат намера да го нарушат.Тогаш Паладија го повикала Дамјан насамо и го заколнала во името на Света Троица да го земе дарот. Откако го слушнал името на Троичниот Бог, Дамјан го зел дарот поради големата заклетва, со која таа го заколнала. Кога за ова дознал светиот Козма, оставил завет, кога ќе почине, неговото тело да не го погребуваат до телото на неговиот брат. И навистина, по извесно време починал светиот Козма, а кратко по него починал и светиот Дамјан. Тогаш луѓето биле во двоумење што да прават, бидејќи знаеле за заветот на Козма. И веднаш се случило чудо: во истиот момент дотрчала некоја камила, која била излече на од браќата, и проговорила со човечки глас: да не се двоумат во своите постапки и Дамјан да го погребаат до својот брат, зашто тој ги зел јајцата не како награда за себе, туку затоа што бил заколнат од Паладија во името на Бога. И така, нивните чесни мошти биле положени во местото наречено Фереман.

Еднаш, за време на жетвата, некој жител од тој крај, ја жнеел својата нива. Кога се уморил од трудот, легнал под сенката да спие. Но, додека спиел со цврст сон низ неговата уста во стомакот влегла змија. Кога се разбудил, тој не знаел што му се случило, па продолил да работи во својата нива. Вечерта, кога си отишол дома, почнале да го ммачат страшни болки, па викал на целиот глас. Во една таква агонија ги повикал светите бесребреници Козма и Дамјан да притекнат на помош. И веднаш се случило чудо. Болниот повторно заспал со цврст сон и пред очите на сите присутни излегла змијата, а болниот потполно оздравел. Сите присутни се зацврстиле во својата вера и Го прославувале Бога и неговите угодници.

Во Фереман живеел некој човек по име Малх, чија куќа се наоѓала во близина на храмот посветен на светите Козма и Дамјан. Имајќи намера да тргне на далечен пат, тој ја однел својата жена во црквата и пред иконата на бесребрениците ѝ рекол дека ја предава во нивна заштита и дека кога ќе ѝ испрати договорен знак, тој ќе ја повика кај себе. По неколку дена ѓаволот зел лик на некој нивни познаник, отишол во домот на Малх, ѝ рекол на неговата жена дека треба да тргне кај него, притоа кажувајќи ѝ го договорениот знак. Жената му рекла дека не му верува на овие зборови , а за да му поверува му рекла да отидат во храмот и таму, пред иконата на светите бесребреници, да се заколне дека е навистина испратен од нејзиниот маж. Ѓаволот тоа го направил, се заколнал и дал ветување дека по патот ништо нема да ѝ направи. Откако ја слушнала заклетвата, жената поверувала на лажливиот бес и тргнала со него. Но, по патот, ѓаволот ја однел во едно непроодно место, па посакал да ја мачи и да ја убие. Таа кога се видела во крајна опасност, ги подигнала своите очи кон Господа и повикала: „Боже, по молитвите на светите Козма и Дамјан, помогни ми и побрзај да ме избавиш од рацете на овој убиец!“ И одеднаш се појавиле светите бесребреници за да ѝ помогнат на жената. Ѓаволот почнал да бега, а светите браќа ја одвеле жената во својот дом. Жената, поклонувајќи им се, заблагодарила за прекресната помош.

За ова чудо набргу се слушало насекаде, акултот кон светите браќа сѐ повеќе јакнел и се ширел. Денес, во Македонија, има неколку храмови посветени на овие свети лекари, а нивниот култ поприлично е раширен. На иконите овие светители се претставени како лекари, кои во своите раце држат лекарски прибор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска го повтори ставот дека мислењето на Венецијанската комисија ќе се почитува. Таа вели дека ќе го почекаат официјалниот извештај на Комисијата, ќе го анализираат мислењето, па ќе излезат со заеднички став.

Насилно донесениот закон , и покрај препораката на Венецијанската комисија Заев нема да го менува

Како што соопшти премиерот во заминување Зоран Заев, Законот за употреба на јазици...

Новак Ѓоковиќ ја изнесе својата понежна страна, тој проговори за родителството, односот со децата и колку тешко нему, но и на нив им паѓа товарот на неговата работа.

И Ѓоковиќ страда, ова не може да го совлада: Ме боли кога Стефан ќе ме праша тоа!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ раскажа детали од приватниот живот и признава...

Одлуката за помилување на триесетгодишната Ивана Јангеловска Манасиева денеска била објавена во Службен весник.

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ШОК: Пендаровски скрати затворска казна на мајка-монструм – еве од кои причини!

Цела македонската јавност е во шок од одлуката на актуелниот претседател на земјава....

Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи од каде велат дека не се работи за обид за киднапирање туку  се работи за лица кои вознемирувале граѓани.

Нови детали од МВР за случајот со обидот за грабнување на 7-годишната ќерка на пратеник

Настан според кој непознати лица се обиделе да ја грабнат 7 годишната ќерка на пратеник...