Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Овој празник, познат и како Водопост е строг пост.

Објавил: Сара Фемина | 17 јануари, 2021 12:48

Утре е строг пост, се празнува Водокрст или Водопост

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре 18  јануари се слави празникот Водокрст.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.

Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Овој празник, познат и како Водопост е строг пост.

Ден по Водокрст се слави големиот христијански празник Богојавление Водици. 

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг.И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение.

Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна.

И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во рамки на посетата, премиерот Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска направија увид и на втора фаза на изградба на детската градинка и центарот за деца од улица.

Заев и Шахпаска: Целосно обновена градинка и народна кујна за Шуто Оризари – општествена одговорност за достоинствен живот за сите

„Општинската народна кујна е пример на кој можат да се угледаат и другите општини...

Министерот Филипче на луѓето кои живеат со ретка болест им порача дека не се сами и дека Министерството за здравство е секогаш отворено за да ги слушне нивните потреби и стручно да ги следи новите и достапни терапии.

Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови

Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме...

Со Буџетот за 2021 година за третман на пациенти ретки болести се обезбедени 520 милиони денари, што е двојно повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 213.967 милиони!

ФИЛИПЧЕ: БОЛЕСТИТЕ СЕ РЕТКИ, НО ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НЕ СЕ САМИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, присуствуваше на настанот посветен за промоцијата...

- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

ШИЛЕГОВ: СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОСЛОБОДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни...