Македонија
Вести
Изборната кампања за Локалите избори 2021 закажани за 17 октомври ќе почне утре (27 септември) и ќе трае 20 дена пред денот на изборите. Учесниците на изборите, политичките партии и независните кандидати веќе го најавија почетокот на кампањата, како и активностите што ќе следуваат.
Државната изборна комисија потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници.
Партиите настапуваат самостојно или во коалиции, во зависност од општините и постигнатите меѓусебни договори.
На изборите ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани и за првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите.
Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.
Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со Ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.