Овој православен празник се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 19:57

Утре се празнува најголемиот празник по Велигден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утре се празнува големиот христијански празник Петровден.

Овој православен празник се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

 
Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично.

Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам” се молеле за дожд.

Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј чоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Во Зелениково се чувствува доаѓањето на есента, па ноќите се многу ладни. Во Шутка како е, ви пушта ли Еско ноќе некакво греење? Имам, од времето додека одев на лов, топла вреќа за спиење, ако не да ти ја испратам преку Фрчковска.

Пандов: Катице те местат, отвори си ја душата, олесни си се, збриши ги Заев и Шеќеринска

Мила моја Кате. Овие се тие денови во кои го сфаќаш значењето на зборовите: „Годината...

За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинителството свесно го прекинал распитот на Боки 13 со цел да се прикријат вистинските нарачатели на милионскиот рекет.

Боки 13 ќе се брани со молчење додека не ги види доказите против него во случајот „Рекет“

Обвинителството ја завршило истрагата за случајот Рекет. Вакво известување добил...

За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Иднината на Катица во рацете на Рускоска- таа ќе одлучува за подароците и парите на Јанева

Разрешената специјална јавна обвинителка која во моментот се наоѓа во притвор во затворот...