![](https://www.magazin.mk/wp-content/uploads/2019/09/фњегргетгт.jpg)
Македонија
Вести
Уште еднаш НЛБ банка беше мета на крадците, нов вооружен грабеж се случи во Скопје.
Во вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени се 8.700 евра, информираат од Банката
Оттаму потврдуваат дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.
НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета, велат од Банката.
Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година, стои во соопштението од Тутунска.
НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.
За потсетување, пред две години исто така беше ограбена НЛБ банка и тоа од вработен и ја олсни банката за 5 милиони евра за кои се уште нема ни трага, а краецот беше осуден на 5 години затвор, пред неколку месеци исто така банка на НЛБ имаше вооружен грабеж во скопската населба Чаир.
Парите на граѓаните се безбедни и покрај ваквите случувања бидејќи банката е добро обезбедена и осигурана, така да нема потреба од никаква паника за штедачите и клинетите на оваа банка.
Зошто токму оваа банка е мета на краците не се знае, се надеваме дека ваквите кражби во иднина ќе се намалат и нема вработените од банките да доживуваат трауми и големи непријатности на работното место.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.