
Македонија
Инциденти
Нов грабеж во НЛБ Банка во Скопје. Како што соопштија од банката, утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.
Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.
Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. во 10 часот и 36 минути извршен е грабеж на филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.
МВР се уште официјално не излезе со информации за овој грабеж, се очекуваат детали за подоцна.
Сличен грабеж се случи на 15 април годинава во 10 часот и 36 минути кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.
Но од сите грабежи, најголем на НЛБ Банка е оној кој вработен го изврши во април 2017 година и уркаде 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.