Министерот за образование Арбер Адеми во средината на август одговори дека оваа година нема да има содржински измени во учебниците за основно и средно образование, но најави дека можна е корекција за следната учебна година.
Информацијата беше примена површно, мислејќи на редовни корекции на содржините со оглед на светските трендови.
Но т.н. експертска група на премиерот Заев за ревизија за историјата, предводена од Виктор Габер како и комисијата за имплементирање на членовите и одредбите од Договорот со Бугарија работат со полна пареа и извесно е дека Владата планира сосема нова содржина во историските учебници.
Габер иако знае дека не смее да корегира историски учебници согласно членот од Преспанскиот договор, вчера ги предал сите постоечки за основно и средно образование на колегите од комисијата во Солун.
Во Софија веќе кон крајот на ноември или средината на декември се планира да се излезе со јасен став која историска фигура до македонската историја ќе биде бугарска а која македонска.
Неофицијално Цар Самоил е веќе бугарин, се спори идентитетот на Гоце Делчев, но се смета дека ако се земат Светите браќа Кирил и Методиј но и Свети Климент и Свети Наум, како и браќата Миладиновци, Делчев може да остане Македонец.
Грците го спорат античкиот период, борбата на Македонскиот народ за независност, црквата. Особено заинтересирани се за бришење на Македонија и Македонската нација во периодот од Втората Светска војна до распадот на Југославија.
Комисиите, иако оваа на Габер работи нелегално, посочуваат дека мора да побрзаат, зато што во март, кога ќе биде (или така очекуваат) ратификуван Преспанскиот договор од Парламентот на Грција, ќе имаат кратко лето за печатење нови учебници, за кои Габер изјави дека во дел може да почнат да се користат во учебната 2019/2020 година.
Министерот Адеми нема коментар, сметајќи дека тоа не е негов ресор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.