ЗЕЛС

Објавил: Калина Мартинска | 24 март, 2025 20:35

Училиштата и градинките се безбедни, вонредните инспекции продолжуваат во станбените згради

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сите училишта и градинки во државата се безбедни покажал вонредниот инспекциски надзор инициран од локалната самоуправа а контролите продолжуваат во станбените згради и кај летните тераси во координација со инспекторатите на централно ниво бидејќи за дел од нив локалната власт нема надлежности, соопштија од ЗЕЛС по денешниот состанок на управниот одбор.

Во периодот кој следи, вонредните инспекции продолжуваат кај станбените згради, но во координација со дирекцијата за заштита и спасување која е надлежна за проверка на хидрантската мрежа.

Контроли ќе има и кај урбаната опрема каде што се утврдени најголем број на неправилности како отстапки од елаборатот за летните тераси, а на денешната седница е донесен заклучок за воведување на унифицирана програма и правилник за поставување на урбана опрема која ќе биде задолжителна за сите општини и доколку е потребна законска интервенција за унификација тоа ќе биде побарано од законодавецот.

Од ЗЕЛС повторија дека состојбата со опременост на нивните инспекциски служби е лоша и дека се потребни нови вработувања за да се надмине недостатокот, поради кој сега ќе се прави меѓусебна координација со позајмување односно пополнување а се со цел да се провери и последниот објект во државата и да се утврди дали е безбеден. Меѓутоа во најмалку 40 општини нема или недоволно градежни инспектори.

Градоначалниците се децидни, потребни се законски измени за централизирана контрола е потребна поради непрецизирани закони.

Од ЗЕЛС упатија препорака до директорите на училишта и јавни установи, сите јавни настани кои се планирани од локалната самоуправа да ги откажат а во чест на жртвите од трагедијата во Кочани да се спроведе акција на пошумување.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести