„Не може да се потврди дека станува збор за поврзаност со првиот случај на ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски“, изјави директорот Бубев.
Потенцираше дека според епидемиолозите сѐ уште не може да се утврди точно како се заразиле двете деца и дека постојано се преземаат сите мерки за заштита согласно протоколите.
Единаесетте деца од оваа група и тројца вработени се во изолација.
Првиот случај на коронавирус во струмичката градинка беше регистриран пред два дена. Детето било во градинка само три дена од отворањето, а од понеделникот не доаѓало, а утврдено е дека вирусот го добило од член на семејството.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.