Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2020 15:58

Уште две лица починаа од Коронавирус во земјава- бројот на заболени е 617!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Уште две лица починаа во Македонија како последица на коронавирус…

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.Денеска нема да се одржи редовната прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Напомена дека мерката карантин била неопходна з анамалување на бројот на заразени з авреме на продолжениот викенд а воедно и посочи дека од понеделник можно е да нема рестриктивни мерки.

Филипче: Нема да се тестираат лицата кои биле надвор од Скопје овој викенд

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека...

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Силјановска-Давкова: Воведоа мерки како да не очекува ураган и тоа најчесто за викенди!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен...

Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

АЛИ АХМЕТИ: Време е за првиот премиер Албанец во Македонија!

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук...

Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Пановски: Држава која не може да ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат колони...