Убиството предизвика нови протести од страна на граѓаните револтирани од смртоносното полициско насилство низ целата земја против црното население, пренесува Ројтерс.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 10:34

УШТЕ ЕДЕН АФРОАМЕРИКАНЕЦ УБИЕН ВО САД: Полицијата испукала 20 куршуми додека тој возел велосипед- протести во Лос Анџелес!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Уште еден меѓурасен инцидент се случи во Лос Анџелес, откако белите полицајци го убија афроамериканецот Дижон Киз (29), погодувајќи го со дваесетина куршуми во грбот, бидејќи како велосипедист направил сообраќаен прекршок и се обидел да избега.

Убиството предизвика нови протести од страна на граѓаните револтирани од смртоносното полициско насилство низ целата земја против црното население, пренесува Ројтерс.

Кизи возел велосипед во понеделникот попладне во предградието на Лос Анџелес Вестмонт, каде двајца заменици-шерифи се обидоа да го спречат.

https://www.youtube.com/watch?v=tmPgA8CQ4m4&feature=emb_title

Тој го оставил велосипедот и се обидел да избега, удрил еден од полицајците, а како што изјави полицијата фрлил куп облека која ја носел.

Полицијата тврди дека во фрлената облека имало полуавтоматски пиштол, и дека тогаш полицијата отворила оган кон Киз.

Семејниот адвокат на Киз, Бенџамин Крамп, активист за човекови права, познат по застапување на афро-американски жртви на полициско насилство низ САД, рече дека Киз со облеката го фрлил и оружјето, и дека не ни посегнал по него а полицијата испукала повеќе од 20 куршуми кон него и со часови го оставиле на улица.

За потсетување, пред неколку месеци смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) за време на апсење предизвика бес во Минеаполис, по што следуваа низа на протести.

За неговото убиство ќе одговараат четворица полицајци, еден како извршител, а тројца како помагачи. Сите беа разрешени од должност еден ден по убиството. Осум минути и 46 секунди е времето колку што полицаецот го притискал коленото врз вратот на Џорџ Флојд, додека го приведувал, на 25 мај, се додека не го задуши.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.