Според овој оглас, се предвидува Јавно-приватно партнерство со времетраење од 35 години.

Објавил: Стојче Бушин | 26 мај, 2020 20:56

Уште еден “бонбона” бизнис на СДС ќе ја зароби иднината на народот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Додека вниманието на народот е насочено кон безуспешната борба на министерството за здравство со корона вирусот, “експертите” на СДС подготвуваат нов “бонбона” бизнис.

По примерот на приватизацијата на ЕВН, што резултираше со енормно зголемување на цената на електричната енергија и дополнително осиромашување на населението, СДС подготвува приватизација на уште една стратешка дејност – дистрибуцијата на природен гас.

Во време на вонредна состојба Министерството за економија заедно со Министерството за финансии објавија измена на јавниот оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Македонија.

Според овој оглас, се предвидува Јавно-приватно партнерство со времетраење од 35 години. 

Тоа значи дека во наредните 35 години населението ќе мора да ги плаќа високите сметки на некој од бизнис соработниците на Заеви, а наместо во државна каса, дел од профитот ќе оди во рацете на овој концесионер. Сето тоа на сметка на Државата и народот.

Левица го осудува овој план за јавно – приватно партнерство во оваа стратешка дејност, кој ќе доведе до дополнително прелевање на профитот од Државата во приватни раце. Нашата Партија е против било каква приватизација на клучните и стратешки дејности и ресурси на Македонија. Тие се, и мора да останат во сопственост на народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди.

„27 април“ стигна пред Апелација: Одбраната вели тројца од судиите не смеат да одлучуваат по жалбите!

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат да одлучуваат по...

Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија.

ГЕРОСКИ: Дали Ден Дончев, со Зоран Милевски Кичеец како посредник, изрекетирал 824.000 евра од сопственичката на „Диамед“?

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава...

Захариева во врска со суловите под кпои Бугарија би ја поддржала Македонија вели дека бугарската страна е со интерес Скопје да ја признае историјата.

ЗАХАРИЕВА: Македонскиот јазик е на основа на западнобугарски дијалект со србизми!

Македонија да ја признае историјата, а ние да ја признаеме нивната реалност, вели шефицата...

Бидејќи нема социјална помош, најсиромашните наскоро ќе треба да ја прекинат својата изолација во потрага по работа, предизвикувајќи нов бран на зараза.

Најпознат светски економист изнесе шокантни предвидувања: Ќе се наежите од неговите предвидувања!

Том Пикети, еден од ангажираните светски економисти, автор на Капитал во 21 век, напиша...