Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јули, 2019 23:28

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток од 20 часот Ансамблот „Танец“ ќе настапи на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Настапот е дел од серијата концерти во рамките на чествувањето на 70 – от јубилеј на ансамблот, кој деновиве со  спектакуларен концерт ја прослави годишнината од формирањето.

Танец – Душата на Македонија. Симбол на македонската култура и уметност веќе седум децении! Амбасадор на македонскиот фолклор!

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе седум децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. 

Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето.
Со еден збор ансамблот “Танец” претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ.

Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на “Интернационалниот фестивал” во Велс.Членовите на Танец со изведбата на “Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија.

За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: “11 Октомври”, “Климент Охридски”, наградата од градот Скопје “13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија. 

“Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Во својата културна мисија ансамблот “Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција.

На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.” 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...

Се надевам дека после ова ќе заработи, тоа секако зависи од дистрибутерот „Неон“ кој ги има овие права, вели Горјан Тозија- Медо, директор на Агенцијата за филм.

АТИЏЕ НА ВРВОТ ДО СВЕТСКА СЛАВА: Еве колку пари заработи “МЕДЕНА ЗЕМЈА” во Америка!

Сите сме во исчекување дали „Медена земја“ на Ноќта на оскарите ќе испише историја. ...

Атиџе е вистинска ѕвезда, луѓето ја сакаат и дури и холивудските ѕвезди постојано ја застануваат за да се сликаат со неа.

ХОЛИВУД СЕ ДИГНА НА НОЗЕ, АТИЏЕ ОПИШАНА КАКО ЅВЕЗДА: Во недела Оскарот го зема “МЕДЕНА ЗЕМЈА„

Нашата Aтиџе пристигна во Холивуд, а странските медиуми веќе ја опишуваат како ѕвезда. „Атиџе...