
Македонија
Вести
Од деветте пациенти на Клиниката за инфективни болести шест се во стабилна состојба, додека пак кај тројца има лесно влошување на состојбата и имаат отежнато дишење, но нема потреба од респираторна поддршка, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
-Тројцата пациенти се во повозрасна категорија и сите тројца се над 65 години. Во текон на ноќта немаше тестирано пациенти, но утрово е јавен еден пациент кој на 7 март од Германија дошол здрав и заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника и ги очекуваме резултатите, рече Филипче.
Тој додава дека за истите во текот на денот ќе биде информирана јавноста.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.