Инаку новото име на државата со придавката Северна, го налага и ЕХФ, па поради тоа ракометарите кои очигледно сакаат да ја претставуваат само Македонија мораа да се снаоѓаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 11:29

Уште еднаш покажаа како се сака Македонија: Ракометарите ја избришаа Северна од автобусот со кој патуваа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските ракометни херои, уште еднаш покажаа како се сака својата земја Македонија. Тие вчера пристигнаа во Австрија каде се одржува Европското првенство 2020, а на автобусот на кој стоеше North Macedonia, тие решија да го избришат North ставајќи македонско знаме над додавката.

Македонските ракометари со македонското знаме ја покрија придавката Северна.

Инаку новото име на државата со придавката Северна, го налага и ЕХФ, па поради тоа ракометарите кои очигледно сакаат да ја претставуваат само Македонија мораа да се снаоѓаат.

Сега како што може да се забележи од фотографијата, на автобусот си пишува само Team Macedonia.

Инаку денеска  македонската ракометна репрезентација ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство кое се одржува во Шведска, Австрија и Норвешка.

Противник на нашата земја ќе биде Украина а натпреварот ќе се одигра вечерва со почеток од 20:30 часот во „Виенер Стадхале“ во Виена.

Македонскиот селектор Данило Брестовац вчера на средбата со медиумите во Виена рече дека има голема желба за победа и успешен почеток против Украина.

Јас искрено би сакал Лазаров да игра постојано, да игра 60 минути на натпревар… Но, да бидеме реални, Кире е во поодминати години и сепак природата си го чини своето. А, ние мора да го почитуваме тоа. Затоа неопходно е и јас како селектор да ги почитувам размислувањата на Лазаров. Факт е дека ние сме 60-70% подобри со Кире во тимот, но има 40 години и ние тоа мора да го почитуваме, истакна Брестовац.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Јас сум горд што имам прилика да работам што вакви момци кои заслужуваат голема почит за се што прават за клубот и Македонија, тие се национални херои.“

Алушовски: Вардар во моите 10 години не бил во полоша ситуација – момците се национални херои!

Составот на Вардар вечерва успеа да дојде до убедлива победа над Мотор Запорожје од...

„Теле 2“Арената во Стокхолм беше „обоена“ во „црвено–бело“, во знакот на Хрватска, најмалку 10.000 фанови имаше на трибините.

Шпанија го одбрани европскиот трон- Хрватска не успеа да стане Европски шампион

Репрезентацијата на Шпанија успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство...

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Македонските судии Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето...