Драги мои фб пријатели Ковид -19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19. Денес дознав. Шок , секако….не сакам да верувам. Немам написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 10:30

УШТЕ ЕДНА ДОКТОРКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС- Не шетав никаде но се заразив!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Николиќ е една од докторките кои е позитивна на корона вирусот. Докторката е вработена во општата болница во Куманово, а поради како што вели страв за нејзините блиски и за сите со кој имала контакт таа на својот Фејсбук профил објави дека е позитивна на Коронавирус.

Статус го пренесуваме во целост:

Драги мои фб пријатели Ковид -19, не е шега!!! Да, ПОЗИТИВЕН ми е тестот на Ковид -19. Денес дознав. Шок , секако….не сакам да верувам. Немам написмено, ама ми соопштија. Ова не се крие, се кажува, допрва ќе има случаи.

Но, за нас медицинските лица тоа е нешто за што знаеме дека може да ни се случи, данок на професијата, космонаутската заштитна маска доцна ја купив значи. Можам само да претпоставувам од кого го добив, не да тврдам.

За тоа епидемиолозите ќе се погрижат, ако можат воопшто да најдат. Имав контакт, службено и со заболената која почина, имав контакти и со “здрави” луѓе на работа.

Не шетав никаде надвор од МК. Не знаеме кој е носител, а е навидум здрав. Никој не сака свесно да пренесе некому, затоа СЕДЕТЕ ДОМА , вие кои не морате да одите на работа.

Не одете на кафе по комшии, правете муабет на растојание од 2 метра ако веќе морате. Користете мобилен за муабет. Јас еве сега ќе бидам во карантин дома, нема да излегувам од дома, да не ми се плашат прво комшиите во влезот.

Нема ни во лифт да се возам да знаат. Кеси со храна и друго пред врата ќе ми оставаат мои блиски и откако ќе си заминат ќе ја земам кесата. Не се плашам за мене, се плашам за другите.

И се си мислам дека ова е лош сон, ама не е. Реалност е. Отидов да пијам чај и сок од лимони, да правам смути, да пијам суплементи. За сега сум ок, освен главоболка и лесно кашлање, немам друг сипмтом. Цел живот нешто се борам и еве пак. Чувајте се. Постот го пишувам за доброто на сите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...