Македонија
Вести
Бизнисменот Владимир Стајиќ, кој е сопственик на компанијата “Супертрејд”, на социјалните мрежи напиша јавно дека бил жртва на едниот, од двајцата осомничени во случајот “Рекет”.
Владимир Стајиќ кој е сопственик на компанијата „Супертрејд„ на фејсбук напиша дека бил жртва на едниот од осомничените во случајот Рекет.
Стајиќ не потенцираше кој и како го рекетирал, но тој најави дека деновиве ќе најде начин да воспостави комуникација со Јавното обвинителство во интерес на вистината.
Тој ги отфрла сите шпекулации за било каква бизнис поврзаност, за што се шпекулирало, како што вели, во нарачани текстови. Со лажните наводи на Миленко Неделковски за дел од неговиот имот, Стајиќ најавува тужба за клевета.

Друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ Скопје е основано во 1991 година. Приоритетна дејност е трговијата на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.
До 2011 година, Супертрејд ДООЕЛ главно е фокусиран на развој на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати и друга трговска стока, преку својата сопствена бензинска пумпа, во чии рамки има и мини маркет со внимателно одбран асортиман на потрошувачки производи, козметика за автомобили и моторни масла.
Во 2012 година, Друштвото врши промена на стратегијата и започнува со увоз на нафта и нафтени деривати и таа деловна одлука за развивање на големопродажбата и директниот увоз на нафта и нафтени деривати беа пресудни за растот на приходите во однос на претходната година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.