
Македонија
Вести
По помошник заменик државните секретари на САД, во Македонија доаѓа лично заменик шефот на Стејт Департментот да ги “мотивира” политичарите и пратениците да го поддржат Преспанскиот договор.
Секако според Владата ова не е мешање во внатрешната политика на Македонија туку манифестирање поддршка.
Имено заменик државниот секретар на САД Џон Саливан утре ќе престојува во посета на Скопје.
Саливан ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, по што ќе одржат прес конференција во Владата на Република Македонија.
Неговата посета е во рамки на турнејата низ повеќе европски метрополи, меѓу кои, освен Скопје, ќе ги посети и Братислава, Виена, Софија, Сараево и Варшава.
Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.
Во Скопе планирано е Саливан да разговара за регионалните прашања, а според најавата од Стејт Департментот, и да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите на земјата и имплементацијата на Договорот од Преспа, од јуни годинава.
За време на својата куса посета на европските дестинации, заменик шефот на Стејт Департментот, исто така, ќе има средби со персоналот во американските амбасади во секоја од овие земји, како и со претставници на бизнис заедниците, алумни од американските програми за размена и граѓанското општество.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.