„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 ноември, 2021 5:40

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот е повреден.

„Камион со платформа за превоз на други возила се преврте на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац“, пренесуваат хрватските медиуми!

Сообраќајот на автопатот А3 вчера беше затворен во источен правец и се пренасочува по заобиколен пат преку клучката Новска до клучка Окучани.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот и 5 минути, кога возило со македонски регистерски таблички се превртело, при што неколкуте возила кои ги пренесувал камионот испаднале.

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

Полицискиот увид на местото на несреќата е во тек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...