Илда се огласи на својот Инстаграм профил, по загубата на плодот, и објавуви една од своите најемотивни песни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 10:21

УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО ШАУЛИЌ- Сите се скршени од болка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Семејството Шаулиќ се справува со уште една голема загуба, откако познатата пејачка Илда Шаулиќ го загуби своето бебе

Пред извесно време во медиумите беше објавено дека таа е бремена, но и позитивна на вирусот Ковид-19, но за жал сега на големо се пишува дека пејачката го загубила бебето.

Како што пишува во медиумите, бременоста и очекувањето на новото бебе во семејството донело среќа и сите биле фокусирани на доаѓањето на новиот член на семејството што им ги тргна мислите од трагичната смрт и загубата на Шабан Шаулиќ.

Илда се огласи на својот Инстаграм профил, по загубата на плодот, и објавуви една од своите најемотивни песни.

Станува збор за песната „Ми фалиш“, која пејачката ја објави кон крајот на 2012 година.

Инаку Илда и сопругот веќе се родители на ќерката Ема која има три години.

За потсетување семејството го загуби Шабан Шаулиќ на 17 февруари 2019 кога пејачот загина во тешка сообраќајна несреќа враќајки се од концерт во Билефелд, Германија.

Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го доби прекарот „крал на народната музика“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Луксузниот објект се наоѓа на два километри од Колосеумот, а изнајмувањето, кога станува збор за прослави, чини приближно сто илјади евра на ден. Имајќи предвид дека домаќините правеле прослава три дена, само за неа потрошиле 300.000 евра.

РОМСКА СВАДБА ОД 650.000 ЕВРА: Цеца и Лукас заработија во време на корона- еве колкав хонорар зедоа!

Фотографии од ромска венчавка во Рим, каде што пееја некои од најголемите поп-имиња...

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември и се празнува...

Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истамбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.

(ФОТО) Нема да го препознаете – Наум Петрески го промени имиџот и пушти долга коса

Несомнено, Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал...