Љутков

Објавил: Калина Мартинска | 2 октомври, 2024 14:12

Уште нема новост од Обвинителството за трошењето на буџетски пари од страна поранешната министерка за култура

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска потенцираше дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со наводната злоупотреба на буџетски пари од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Не, се уште немаме новости од Јавното обвинителство. Целата документација е испратена. Кога ќе не известат нас, веројатно ќе знаете и вие, изјави Љутков за време на неговата посета на НУ Национална опера и балет, одговорајќи на новинарско прашање.

Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон од 44.900 денари, а не заминала на пат

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска дека користела буџетски пари за приватни цели за време на нејзиното службено патување во Лондон во октомври минатата година. Веднаш потоа и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести