Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека планира да контактира со семејствата на загинатите за, како што рече, да ги чуе нивните очекувања по однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму.

Објавил: Перо Милчин | 29 ноември, 2021 8:20

Уште тројца од повредените денеска ќе бидат вратени во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин

Уште тројца од повредените македонски патници во автобуската несреќа во Бугарија се очекува да пристигнат денеска, откако двајца во саботата беа хоспитализирани во Универзитетскиот Клинички Центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Сите се во стабилна состојба и сите се со полесни повреди, освен едниот пациент кој имаше два хируршки зафати, еден поради скршеница на потколеницата и друг поради нешто посериозно, скршеница на два пршлени, и тој е во стабилна состојба, така што сите овие останати имаат повреди кои се во сферата на пластичната хирургија – посекотини, нагмечувања и така натаму, а тој пациент во сферата на трауматологијата, изјави министерот Венко Филипче.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера изјави дека планира да контактира со семејствата на загинатите за, како што рече, да ги чуе нивните очекувања по однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму.

Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции, дека може да биде еден ден потоа, до крајот на неделата. Така што, не можеме точно да знаеме бидејќи сето тоа ќе зависи како во лабораторија ќе се одвива процесот на идентификација преку ДНК материјалите, изјави Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Во овој случај, тоа е добар знак дека вашето тело функционира добро и правилно. Најчесто, овој проблем се јавува кај луѓе кои се слабо физички активни, со прекумерна тежина, склони кон хормонални нарушувања, анемија или едноставно се уморни. Лошата циркулација често ги придружува средовечните и постарите луѓе и страсните пушачи.

ЛАДНИ РАЦЕ И СТАПАЛА МОЖЕ ДА БИДАТ ПОКАЗАТЕЛ ЗА СЕРИОЗНА БОЛЕСТ: Спречете и реагирајте на време

За време на студените денови, телото природно и ефикасно ја чува телесната температура...