Денеска од Центарот за јавно здравје беше соопштено дека има четири нови случаи на коронавирис во градинките. Се работи за четири деца до пет годишна возраст.
Според податоците објавени од ИЈЗ, звор на заразата кај сите четири деца е семејството.
Тестот е направен викендов и веднаш биле информирани градинките во населбите Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош. 16 деца и четири учителки од сите три градинки заминале во самоизолација, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје.
Од отворањето на градинките од 9 ти септември па до денес, нема ниту еден случај на заболено детенце кое добило вирусот од друго дете.Епидемиолозите велат дека нема ниту случај кога дете го пренело вирусот на негователка.
Граѓаните мора да разберат дека со непочитувањето на мерките и масовните групни собирања ја пролонгираат состојбата со Ковид 19 велат епидемиолозите.
Професорот Даниловски посочува дека најважно е проветрувањето во училниците и почитување на мерките носење маски и држење дистанца.
Денеска од центарот за јавно здравје Битола потврдија дека вработена во градинката „Коца Василева“ е позитивна на Ковид 19 и превентивно 13 деца беа пуштени во домашна изолација.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.