Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година

Објавил: Калина Мартинска | 8 февруари, 2025 16:18

УЈП ги објави податоците: Еве колку е намален прометот на маркетите по вчерашниот бојкот

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки. Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари, а издадени се 346.317 фискални сметки.

Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.

Во Хрватска почнува седмичниот бојкот на продавниците

Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари. Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година.

-При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, велат од УЈП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...